Трамп ѝ посака успех на новата администрација, без да го спомене Бајден

Американскиот претседател на заминување Доналд Трамп во својот проштален говор од Белата куќа во вторникот, ден пред инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден, порача дека ќе се моли за успех на новата администрација но не го спомена својот наследник на должноста.

„Оваа седмица ја инаугурираме новата администрација и се молиме за нејзниот успех, да ја одржи Америка сигурна и успешна Исто така, им посекуваме да имаат среќа (…) Сега, кога се подготвуам да ја предадам власта на новата администрација напладне во среда, сакам да знаете движењето што го започнавме, штотуку почнува“, вели Трамп во 20-минутното видео.

Веројатно со тоа Трамп уште еднаш ја најави својата намера повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, а што демократите сакаат да го попречат со поведување на постапката за импичмент и негова осуда во врска со бередијата на Капитол Хил на 6-ти јануари. Дури, претхдно во средата поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, кој загуби од републиканецот на изборите во 2016-та, повика да се истражи дали Трамп разговарал со Кремљ непосредно пред упадот на неговите приврзаници во Конгресот.

„Светот повторно нѐ почитува, ве молам да не го загубите тоа почитување“, истакна Трамп.

Трамп обраќањето во кое ниеднаш директно не го спомена Бајден, го искористи да ги пофали успесите на својата администрација, како што се намалувањето на даноците, воведувањето на мерки за безбедност на границите на САД и потезите во надворешната политика.

„Ја изградивме најголемата економија во светската историја. Вдахнавме нов живот во нашите сојузи и ги мобилизиравме земјите во светот да ѝ се спротистават на Кина како никогаш порано“, рече Трамп во своето проштално обраќање.

Републиканецот рече дека е особено горд на тоа што во неговиот мандат не започнала ниедна војна во која биле инволвирани САД.

„Особено сум горд што сум првиот претседател по повеќе децении кој не започна нова војна. Резултатот од нашата смела дипломатија и бескромисниот реализам е дека постигнавме бројни мировни договори на Блискиот исток. Блискиот исток е на прагот на новата ера и ги враќаме нашите војници дома“, додаде Трамп.

Односите меѓу Кина и САД се влошија последните неколку години, вклучителни и поради трговските спорови. Трамп, исто така, во низата обвинувања го обвини Пекинг и за задоцнета и недоволна реакција на првичната епидемија на коронавирусот во Вухан што доведе до првата светска пандемија по повеќе од сто години.

Исто така, во мандатот на Трамп неговата администрација ја донесе првата нова Стратегија за национална одбрана, по десет години. Таа беше објавена на 19-ти јануари 2018 година, кога тогашниот министер за одбрана Џејмс Матис објави дека таа е „фокусирана на долгорочноте стратешко ривалство со Русија и Кина“.

 

За насилствата на Капитол

Претседатлот на заминување рече и дека политичкото насилство, алудирајќи на упадот на Капитол на 6-ти јануари, не може со ништо да биде оправдано.

„Сите Американци беа згрозени од нападот на Капитол. Политичкото насилство е напад врз сѐ што Американците го почитуваат. Тоа никогаше не смее да се толерира“, рече Трамп.

„Нашата агенда (на администрацијата) не беше за десницата или за левицата, не за републиканците или за демократите, туку за благосостојбата на земјата, што значи за целата земја. Преземав сериозни битки, најтешки судири, најтешки одлуки, затоа што вие ме избравте тоа да го сторам“, заклучи Трамп.