
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, соопшти Автомотосојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситниодрони.
ЈП Македонијапат апелира да се вози внимателно со прилагодена брзина според условите на патот. Истакнуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.