
Јилдиз е реалното, а Венко е рекламното здравство, коментира на Фејсбук пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако се уште нема правна разврска случајот со родилката од Дебар Јилдиз Веаповска.
Веапоска е медицинска сестра од итната помош во Дебар. Таа се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник. Ја убедувале дека е во ред со неа, за на крај дома да замине без три органи за кои никој не понесува никаква одговорност.
-Трагедијата на Јилдиз, да чита човек и да плаче….
Јилдиз е реалното здравство!
Венко е рекламното здравство!, пишува Милошоски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/4015246998494736