
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека нафтената компанија „Макпетрол “ за гасоводто „ГА-МА“ во контроверзниот договор зема 33 милиони евра, а донира во селективно одбрани општини само илјада таблет компјутери.
Поради ваквиот однос, Мицкоски вети дека во првите сто дена Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ревидиран овој договор, за кој опозицијата во текот на парлементарните дискусии предупредуваше дека е штетен за државата и крие заткулисни договори меѓу власта и копанијата сопственик на телевизија со национална концесија.
„Лапнаа од државата 33 милиони евра, а донираат во селективно одбрани општини само 1000 таблет-компјутери. Брука!
Во првите сто дена Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира овој договор вреден 33 милиони евра. Одговорност мора да има!