
Владата го објави календарот за емисија на државни хартии од вредност за 2021 година. Имено, таа планира да се задолжи за првиот квартал и тоа за месеците јануари, февруари и март за огромни 227 милиони евра или 13.998.310.000 денари.
Темпото на огромни задолжувања растат и покрај сите предупредувања од економистите и од експертската јавност дека 2020 беше година на огромни задолжувања и дека во 2021 задолжувањата треба да се сведат на минимум.
Според податоците од министерството за финнсии за првиот квартал планирани се задолжувања во трите месеци јануари февруари и март и тие изнесуваат огромни 227 милиони евра.
Само лани државата се задолжи за над 2 милијарди евра со што јавниот долг се покачи на огромни и историски 60,7 % од БДП со тенденција за понатамошен негов пораст. Инаку како држава Македонија должи над 6,5 милијарди евра.