На протестите во Москва повредени најмалку 42 полицајци

На неодобрените протести на приврзаниците на уапсениот руски опозициски лидер Алексеј Навални во Москва се повредени најмалку 42 полицајци.

„Засега знаеме дека се полесно повредени 42 припадника на безбедносните сили, наведуваат официјални извори“, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на полициски и медицински извори.

Полицијата започна истрага за нападите врз полицајците, изјави Јулија Иванова, претставничка на московската канцеларија на Истражниот комитет.

„Со истрагата ќе бидат утврдени фактите за илегалните активности, акциите и луѓето кои се одговорни за нив“, нагласи Иванова.

Притоа, московската полиција соопшти дека меѓу демонстрантите кои се собрале во Москва и кои се приведени идентификувани се најмалку 19 лица кои биле заразени со коронавирус и кои морале да ги почитуваат прописите да бидат во изолација.

Во центарот на Москва во саботата на протестот кој го организираа приврзаниците на дисидентот а кои и поради епидемиолошката ситуација и забраната за масовни собири не го одобрија властите на руската престолнина, се собрале наводно според процените на агенцијата Reuters околу 40.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициионер Алексеј Навални.

Протестите, според информацијата на западните медиуми, во прв ред CNN, биле  организирани во околу сто градови низ Русија, и наводно се уапсени најмалку 1.800 луѓе, меѓу кои и Љубов Собоч, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим.