
На интернет се појави скандалозна снимка на која се гледа како медицински сестри играат и се веселат со жива музика во најголемата ковид-болница во Хрватска.
Видеото го објавиле револтираните колешки на медицинските сестри кои вложуваат напори за справување со кризата, додека останатите прославуваат со оро, музика и алкохол.