Димитриеска-Кочоска: Граѓаните немаат доверба во државата, повеќе инвестиции имаше во 2001-та за време на воен конфликт, отколку денес

Гордана Димитриеска-Кочоска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното издание на “24 Анализа” на 24 Телевизија изрази сомнеж дека економијата ќе закрепне и дека оди во нагорна линија. Македонија стана социјална држава, не се инвестира и
сето тоа не влече надолу.

-Ни доцнат вакцините и сега наместо да имавме некое нормализирање во економијата, ние доцниме со се. Го знаеме  бројот на невработени лица, кој се движи околу 52 илјади лица, платите се намалуваат, има фирми кои неможат да исплатат плати доколку не ги добијат тие субвенции од државата. По автоматизам тоа ќе значи и намалување на потрошувачката. Луѓето и тие малце пари што ги имаат ги стискаат ги чуваат, се воздржуваат од трошење. Да не зборуваме за бруто инвестициите во државата со третиот квартал кои имаат пад од 8,8 проценти. А 2001-ва имале 6 проценти, што ако споредиме со еден воен конфликт, тогаш се имало поголема доверба во државата се инвестирало и така натака, посочи Димитриеска-Кочоска.

За 2021 година се има предвидено само 50 милиони евра како петти пакет на мерки, но во исто време ако го погледнеме буџетот  кој што е на исто ниво со 2019-та ќе видиме дека имаме 61 милион евра повеќе за плати, 83 милиони евра повеќе за
стоки и услуги, изјави Димитриеска-Кочоска.

-Ако ги погледнеме првичните планови за капиталните трошоци во 2019-та година и 2021-ва ќе видиме дека се и помалку. Така да има многу причини зошто овој проектиран раст нема да се оствари. Светската банка излезе со податок дека проектира 3.6 проценти стапка на БДП за 2021-ва година. Народна банка излезе кажа околу 3 проценти. Ние создаваме социјална држава. Не инвестираме, и сето тоа нас не влече надолу и неможе да очекуваме стапка на раст од 4.1 процент, истакна Димитриеска-Кочоска.