
Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, во гостување во емисијата „Топ тема“, во врска со пописот, истакна дека апсоултно не постои никаков политички договор за некакви бројки меѓу СДСМ и ДУИ или меѓу Ахмети и Заев.
Како што изјави Груби, врзаниот потпис, воопшто не е политизација на пописот.
-Колку проценти се Албанци ќе покаже пописот кој се надевам ќе тече на најдобар можен начин, а гаранција за тоа се сите политички партии застапени во Собранието, освен една. Убеден сум и дека граѓаните ќе одговорат на овој предизвик зашто резултатите ни требаат за креирање развојни политики – изјави Груби.