Иако пред само неколку дена започна второто полугодие од учебната година сепак проблемите продолжија и понатаму. Министерката за образование и наука, Мила Царовска и понатаму нема во план да ги реши проблемите во образованието па се фали си минимални нешта.
Но, затоа вчера на социјалните мрежи се пофали со поставување на паравани на клупите во ООУ„ Хасан Приштина“ во Чаир и дека наставата и во второто полугодие продолжува со комбинираниот модел, кој успешно се реализираше во првото полугодие, a се покажа оправдан и од здравствен аспект.
По овој настан на Царовска се појавија многу негативни коментари кои укжуваат на тоа дека има многу поважни проблеми во образованието кои треба да се решат. Едни од тие се што 10.000 ученици немаат ИТ-уеди за следење на настава, голем број на училишта немаат основните услови за учење, учениците немаат учебници и слично.
По овој настан на Царовска реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ каде велат дека Царовска прави спектакл за поставување на паравани за заштита кои чинат повеќе од пола милион денари, а низ државата има училишта без елементарни услови за учење.
-Жално и тажно е кога министерката Мила Царовска прави спектакл за поставување на паравани за заштита кои чинат повеќе од пола милион денари, а низ државата има училишта каде нема елементарни услови за учење.Дали и како се мониторира целиот наставен процес кој од самиот почеток има безброј недостатоци?По денешната парада, очигледно не!Секој ден сме сведоци на упорниот и арогантен однос на министерката Царовска за спроведување некаква реформа во образовниот процес, без реална дебата и без да се прашаат учениците и родителите за нивното мислење, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие и порачаа на Царовска дека македонските граѓани веќе не и веруваат на секојдневните лаги и манипулации и дека евтиниот ПР да го оставт за дома и време е да им се помогне на идните генерации на оваа држава.