
Министерството за здравство ја информира дека во средата при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на „Клиниката Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот SARS-CoV- 2.
Станува збор за 46-годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22-ри јануари 2021 се води како оздравен.
Според информациите од Институтот за јавно здравтство, пациентот првпат на 29-ри декември 2020 година, поради зголемена температура и отежнато дишење, направил брз тест, кој имал позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4-ти јануари 2021 година, пациентот се јавил на преглед во приватната болница „Клиника Жан Митрев“ каде му е направен PCR тест кој исто така бил позитивен, а пациентот бил веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15-ти јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.
Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти, ниту, пак, навел дека патувал надвор од државата, според Минитерството за здравство.
Лабараторијата во болницата „Клиника Жан Митрев“ со посебна PCR метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која e проследeна до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат ткн „британскиот сој“ се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај другите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран овој сој на коронавирусот SRAS-CoV-2.