
Денеска остварив средба со амбасадорот на Кралство Шпанија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера. На средбата информирав за улогата, целите и надлежностите на Националниот совет за евроинтеграции, принципот на консензуално одлучување и инклузивниот карактер на телото, кое дава можност за расправа на преставници не само на законодавната и извршната власт туку и на општествениот сектор, МАНУ, ЗНМ, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук.
-Покрај тоа ја искористив приликата да се заблогадарам за поддршката која Шпанија ја дава за европската интеграција, како на политичко така и на експертско ниво. Разменивме мислења за актуелните состојби, регионалната политика, состојбата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, како и за можностите за пренесување на експертиза и искуства за зајакнување на капацитетите на Националниот совет за евроинтеграции и Собранието во пристапниот процес, додава Николоски.