
Премирот Зоран Заев е конзистентен во уништувањето на македонската држава, во врска со преговорите со соседна Бугарија и комисијата за историја, истакна Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМЕ, вечерва во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“.
„Во едно друго интервју прашав дали е вистина дека постои процес на дискредитација на членовите на историската комисија, за нивна промена и поставувањето на сервилни луѓе кои што ќе му служат на Заев и ќе му потпишат се она што нему му е потребно во процесот за договарање со Бугарија, резултат на мојата провокација беше показна вежба во комисијата, да се покаже дека „ова ќе ви се случи и на вас“ доколку не слушате, со отстранувањето на членот на комисијата“, рече Николоски.
Истакна дека верува дека има членови во комисијата кои имаат морал во својата работа, но верува и дека доколку оваа власт остане сите членови кои не одат во прилог на политиките и намерата на власта ќе бидат отстранети.
Николоски потенцираше дека Заев е конзистентен во уништувањето на македонската историја со ваквите потези и политики кои ги прави спротивно на националните интереси.