
Почина битолчанецот Игор Пармаковски, роден 1970 година, кој боледуваше од Кронова болест, објави Националната опера и балет.
Битолчанецот кој беше хорист во Националната опера и балет, на социјалните мрежи бараше донации со цел да се оперира.
Неговата состојба во последниот период беше мошне критична, со оглед дека до пред некој месец тој имаше едвај 39 килограми.