Десетта победа во низа на Јута за врвот во НБА

Кошаркарите на Јута Џез ја продолжија ноќта кон четвртокот серијата победи во НБА лигата на десет триумфи откако на својот паркет ги совладаа Далас Маверикс со 116:104, со што го преземаа водството во Западната конференција, но и во целата лига.

Јута ја продолжи својата победничка серија против Далас и без својот најдобар стрелец Донован Мичел кј отсуствуваше поради сомневања дека доживеал потрес на мозокот. Неговото изостанување го компенизраа Џордан Кларкс со 31 кош и Руди Гобер со 29 коша и дури 20 скокови. Кај Далас најефикасен вообичаено беше Словенецот Лука Дончич со 30 поени.

Јута сега има сооднос на победи и порази 14-4 и ги мина актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс, кои ги претпреа првиот пораз сезонава на гости кај Филаделфија 76ерс со 106:107 и така паднаа на соодносот 14:5. Далас, пак со соодносот 8-10 е на 11-то место на Западот.

Феникс Санс го претпреа третиот пораз во низа, овојпат на својот паркет од Оклахома Сити Тандерс со 97:102. За Санс втор меч со ред не настапи Девин Букер поради повреда на мускул, па тимот зависеше само од ветеранот Крис Пол. Тоа имаше позитивен ефект до три минути до крајот кога Санс водеа со 95:91, но до крајот гостите направија пресврт со серијата од 11:2. Последната шанса домашните ја имаа токму преку Пол но неговиот обид за „тројка“ за израмнување на 100:100 на 7 секунди до крајот не беше успешен за Шеј Гилџес-Александер со две погодени слободни фрлања да ја потврди победата на Тендерс.

Оклахома до победата ја водеа Ал Хорфорд со 21 кош и 11 скокови и Гилџес-Александер со 21 кош, додека Крис Пол постигна 32 поени за Феникс.

Феникс со оваа серија порази панда на 9-то место на Западот со соодносот 8-8, додека Оклахома сити е 10-та со соодност 8-9.

Многу интересен дуел се одигра во Филаделфија каде водечкиот тим во Источната конференција на крајот ги совлада прваците со 107:106, со кошот на Тобијас Харис на 2,4 секунди пред истекот на времето. Домашните Сиксерс на 7 минути до крајот водеа со 94:81, но Лејкерс успеаја да го анулираат заостанувањето и со кошот на Ентони Дејвис да поведат со 106:105 на 11,2 секунди до крајот. Во последниот напад Сиксерс му ја дадоа топката во раце на Харис кој погоди скок-шут од четири метри преку Алекс Карус. Лејкерс повеќе немаа право на „тајм-аут“ по во остатокот од времето мораа да се обидат на очајничка „тројка“, но Дејвис не беше ниту близу реализација од својата половина.

Сиксерс до победата ги водеа Џоел Ембид со 28 коша и Харис со 24 поени, додека Бен Сајмонс го впиша својот 31-ви „трипл-дабл“ во кариерата со 17 коша, 11 скокови и 10 асистенции. За Лејкерс не беа доволни 34 коша на Леброн Џејмс и 23 поени на Дејвис.

Сиксерс така го задржаа првото место на Истокот со сооднос 13-6, а вторите Милвоки Бакс имаат 11-6.

Доста интересно беше и во Атланта, каде што Бруклин Нетс по продолженијата ги совладаа домашните Хоукс со 132:128. Џејмс Харден со 31 кош, 15 асистенции и 8 скокови беше близу нов „трипл-дабл“, додека одлично го следеа Кевин Дјурант со 32 и Кајри Ирвинг со 26 коша. Кај Хоукс, Тре Јанг постигна 28 поени со 14 асистенции, а Кем Редиш впиша 24 поени.

Бруклин сега е четврти на Истокот со соодност 12-8, додека Атланта е седма со 9-9.

Минатогодишните финалисти Мајами Хитс го претрпеа четвртиот пораз во низа, овојпат на свој терен од Денвер Нагетс со 82:109. Во тимот на Мајами кој беше значително ослабен поради бројни повреди, најефикасен беше Бам Адебајо со 15 поени, додека Нагетс до победата ги водеа Гери Харис со 31 и Џамал Мареј со 30 коша.

Мајами со сооднос 6-11 е само 13-ти на Истокот, додека Денвер со соодносот 11-7 е четврти на Западот.

Уште една врвна претстава прикажа Јанис Адетокунмпо кој со 24 коша, 18 скокови и 9 асистенци беше на чекор до „трипл-дабл“ во дресот на Милвоки Бакс кои со 115:108 на гости ги совладаа Торонто Репторс. Затоа, пак, својот шести „трипл-дабл“ во кариерата во впиша Литванецот Домантас Сабонис кој во гостинската победа од 116:106 на Индијана Пејсерс кај Шарлот Хорнетс потигна 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Феникс – Оклахома Сити 97:102
Сан Антонио – Бостон 110:106
Њу Орлеанс – Вашингтон 124:106
Атланта – Бруклин 128:132 (продолжение)
Мајами – Денвер 82:109
Филаделфија – ЛА Лејкерс 107:106
Торонто – Милвоки 108:115
Голден Стејт – Минесота 123:111
Шарлот – Индијана 106:116
Кливленд – Детроит 122:107
Орландо – Сакраменто 107:121

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Филаделфија 19 13 6 68.4
2. Милвоки 17 11 6 64,7
3. Индијана 18 11 7 61,1
4. Бруклин 20 12 8 60.0
5. Бостон 17 10 7 58,8
6. Кливленд 18 9 9 50.0
7. Атланта 18 9 9 50.0
8. Њујорк 19 8 11 42.1
9. Орландо 19 8 11 42.1
10. Чикаго 17 7 10 41.2
11. Торонто 18 7 11 38,9
12. Шарлот 18 7 11 38,9
13. Мајами 17 6 ​​11 35.3
14. Детроит 18 4 14 22.2
15. Вашингтон 14 3 11 21.4

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Јута 18 14 4 77,8
2. ЛА Лејкерс 19 14 5 73,7
3. ЛА Клиперс 18 13 5 72.2
4. Денвер 18 11 7 61,1
5. Портланд 16 9 7 56.3
6. Голден Стејт 18 10 8 55,6
7. Сан Антонио 18 10 8 55,6
8. Мемфис 13 7 6 53,8
9. Феникс 16 8 8 50.0
10. Оклахома Сити 17 8 9 47,7
11. Далас 18 8 10 44.4
12. Хјустон 16 7 9 43,8
13. Сакраменто 17 7 10 41.2
14. Њу Орлеанс 16 6 10 37.5
15. Минесота 17 4 13 23.5