
Нов случај на масовно заразување од ковид 19 на медицински персонал во Македонија се случи на клиниката за нефрологија. Како што информираа медиумите 22 здраввени работници на оваа клиника се заразени во изминатите три дена, а дополнително се регистрирани и двајца пациенти.
Дополнително загрижувачки е фактот што на оваа клиника голем број пациенти одат за дијализа, па оттука не се знае колку може да се проширил новиот кластер. Ова го отвора прашањето, дали немањето на вакцини во Македонија, со кои меѓу првите би требало ад се вакцинираат токму здравствените работници, го загрозува здравјето и животите не само на медицинскиот персонал во здравствените установи, туку и здравјето и животите на пациентите таму.
Македонските власти уште од декември најавуваа набавка на вакцини, но нив сѐ уште ги нема, а последната најава беше дека се очекува донација од Србија. Премиерката на Србија во свое интервју пред неколку дена кажа дека не можат да ја достават донацијата затоа што во Македонија не е регистрирана вакцината на Фајзер, но затоа кажа дека испратила понуда до министерот Филипче македонските лекари да одат во Србија и таму да се вакцинираат.
„Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука“, рече Брнабиќ.
Филипче ја одби оваа понуда на Брнабиќ и остана на ставот дека сѐ уште ќе се чекаат вакцините да пристигнат во Македонија па дури тогаш да започне вакцинацијата на медицинскиот персона.
„Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. И благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани“, изјави Филипче.
Дали доколку министерот Филипче и македонските власти ја прифатеа понудата на Србија, македонските лекари да се вакцинираат во нашиот јужен сосед ќе се спречеше кластерот нефрологија и потенцијалните други кластери кои можат да се појават во меѓувреме додека се чека да пристигнат вакцините во Македонија и да почне вакцинацијата на медицинскиот персонал?
Дали министерот Филипче ќе сноси одговорност за масовното заразување на лекари, медицински сестри и пациенти на клиниката за нефрологија или за евентуално новите кластери кои ќе се појават во здравствените установи?