
Една жена е обвинета дека неколкупати го прободела својот сопруг откако пронашла фотографии на кои тој имал сексуални односи со „помлада жена“ пред да сфати дека тоа се всушност стари фотографии од неа.
Полицијата во Мексико била повикана поради семејно насилство во еден дом во Сонора, откако соседите слушале врескање од имотот.
Кога пристигнале, пронашле маж, именува како Хуан Н. како лежи на земја откако се здобил со повеќе убодни рани на рацете и нозете.
Неговата сопруга, која е идентификувана како Леонора Р. тогаш била уапсена на местото на настанот.
Според „Дејли меил“, насилниот напад започнал откако жената пронашла фотографии од нејзиниот сопруг како има сексуални односи со, како што првично помислила, друга жена.
Хуан на крајот можел да и го земе оружјето и да побара објаснување зошто го извршила нападот.
Таа му раскажала за фотографиите, за кои мажот тогаш објасни дека се стари фотографии од нив двајца.
Тогаш таа сфатила дека фотографиите се всушност нивни.
Извештај во Досие Политико тврди дека жената не се препознала себеси бидејќи била послаба, помлада и имала многу шминка.
Степенот на повреди кај мажот не е откриен, но според локалните медиуми тој бил пренесен во болница.
Неговата сопруга останува во полициски притвор и ќе се соочи со обвиненија, пишува „Ladbible“