Руската вакцина е скоро 100 проценти ефикасна против ковид-19 (ВИДЕО)

Ефикасноста на руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“ во развојот на клеточен имунитет на ковид 19 е близу 100 проценти, рече Дарја Егорова, соработник за истражување во лабораторијата за генетски инженеринг на патогени микроорганизми на центарот „Гамалеј“ при руското Министерство за здравство.

– Имунолошката ефикасност се однесува на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор. Во однос на хуморалниот имунолошки одговор (ефикасност на вакцините), тој надминува 98% според резултатите што сега ги имаме, а во однос на клеточниот имунитет, има тенденција кон 100% – рече Егорова.

Прелиминарната анализа на резултатите од пост-регистрациските тестови на вакцината покажува дека епидемиолошката ефикасност на вакцината е над 91 процент, додаде таа.

– Во моментов имаме податоци за привремена анализа на епидемиолошката ефикасност на вакцината врз основа на резултатите од третата фаза на тестирање, што е во тек. Тие податоци се во фаза на објавување, се надевам дека ќе бидат достапни на пошироката научна заедница во следните неколку недели. Епидемиолошката ефикасност на вакцината е над 91 процент, што се покажа дека е сосема различно во подгрупите на пациентите, без оглед на нивниот пол и возраст – рече Егорова.

Според неа, не биле забележани сериозни несакани ефекти од вакцината „Спутник V“ за време на тестовите по регистрацијата.

– Ја потврдивме високата безбедност на вакцината, не регистриравме сериозни несакани ефекти или смртни случаи, кои би можеле да бидат поврзани со употребата на вакцината – додаде таа.

Егорова исто така најави дека досега, покрај клиничките испитувања, повеќе од два милиони Руси биле вакцинирани со вакцината „Спутник V“.

Хуморалниот имунитет е одговорен за елиминација на патогените со помош на произведени антитела и клеточниот имунитет за уништување на патогените микроорганизми од страна на клетките на организмот.