Коронавирусот може да ја намали машката плодност

Коронавирусната болест Covid-19 може да го оштети квалитетот на сперматозоидите и да ја намали плодноста кај мажите, покажува нова студија која се потпира на експериментални докази, а е објавена во петокот во стручното списание Reproduction.

Вирусната болест, која го опустошува светот со над два милиона жртви, може да предизвика смрт на клетките во спермата, воспаление и таканаречен оксидативни стрес, оценуваат авторите на споменатата студија.

„Овие откритија даваат прв директни експериментален доказ дека машкиот репродуктивен систем би можел да биде цел на Covid-19 би можел да го оштети“, заклучиле авторите.

Експертите кои не се поврзани со ова истражување, сепак, сметаат дека способноста на вирусот да ја загрози машката плодност и натаму се недокажани и повикуваат на претпазливост во интерпретациите на резултатите од оваа студија.

Болеста Covid-19 предизвикува респираторни симптоми, особено кај повозрасните лица и оние кои имаат други хронични болести или проблеми. Вирусот се пренесува преку респираторни капки и болеста ги напаѓа белите дробови, бубрезите, системот за варање и срцето.

Некои претходни истражувања покажале дека може да се зарази и машкиот репродуктивниот систем, оштетувајќи ги клетичниот развој во спермата и да ги попречи репродуктивните хормони.

Истите рецептори кои вирусот ги користи за пристап до белодробното крило се наоѓаат и во тестисите. Меѓутоа, ефектите на вирусот врз репродуктивната способност кај мажите остануваат нејасни.

Бехзад Хаџизадех Малеки и Бахтијар Тартибиан од германскиот Универзитет „Јустус Либих“ ги истражувале биолошките маркери кои би можеле да покажат негативно влијание врз фертилитетот.

Анализата кои ја спровеле во десетдневни интервали во текот на 60 дена кај 84 мажи заболени од Covid-19 е споредена со податоците за 105 здрави мажи. Кај заболените од Covid-19 клетките на спермата покажувале значително зголемување на воспалителните маркери и оксидативниот стрес, хемиска нерамнотежа која може да ги оштети ДНК-та и протеините во организмот.

„Тие ефекти врз клетките на спермата поврзани со понискиот квалитет на сперматозоидите и со намален фертилитетен потенцијал. Иако тоа со времето се поправило, останало во значителна мерка и абнормално повеќе кај заболените од Covid-19“, вели за AFP Малеки.

Колку потешка била сликата на болеста, толку промените биле поголеми, вели Малеки.

„Светската здравствена организација би требало да го смета машкиот репродуктивен ситем ранлив преку заразата со Covid-19 и да се прогласи за високоризичен тракт“, додава Малеки.

Експерти кои не учествувале во ова истражување ја поздравуваат анализата, но предупредиваат дека е неопходно да се направат повеќе анализи пред изведувањето цврсти заклучоци.

„Мажите не би требало без потреба да се вознемируваат. Во овој момент нема конечни докази за долготрајното оштетување предизвикано од Covid-19 врз сперматозоидите или врз машкиот репродуктивен потенцијал“, вели за лондонски Science Media Centre, Алисон Кемпбел, директорка на одделот за ембриологија во британската организација за фертилитет CARE.

На резулататите можеби влијаело тоа што можите кои закрепнувале од Covid-19 се лекувале со кортикостероиди и антивирусни лекови, а контролната група не ја примала оваа терапија.

И Алан Пејси, специјалист за машкиот фертелитет на Универзитетот Шефилд, повикува на претпазливост во интепретацијата на резултатите од ова истражување.

Според него, некои показатели за намалениот квалитет на спермата би можело да бидат резултт на фактори кои не се поврзани со Covid-19, и додави дека поголем број од заболените со прекомернита телесна тежина.

Случајниот факт дека само една група биле многу болна, без разлика на тоа што е причината, исто така, мора да се земе предвид. „Веќе знаеме дека болестите проследени со треска може да влијаат врз производството на сперматозоиди, без оглед на причината“, додава.