Трајановски: Владата и скопскиот градоначалник Шилегов го уништуват СРЦ Треска

Езерото Треска оваа Влада го пренамени од земјоделско во градежно земјиште, а тоа јасно зборува дека таму сака да се направи некоја градежна експанзија, со што локацијата нема да биде веќе спортско-рекреативен центар, туку таму ќе има бројни  објекти како хотели, индивидуални куќи, појасни поранешниот градоначалник на  Скопје, Коце Трајановски кој  гостуваше во петокот во „Утрински Брифинг“ при што говореше за состојбата на СРЦ Треска и другите неисполнети ветувања на Петре Шилегов.

„Вистината е многу јасна, меѓутоа Петре Шилегов секогаш сака да ја префрли топката на некој друг, т.е. на мене или на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа треба да се потсетиме дека Петре Шилегов пред почетокот на кампањата за локалните избори 2017 година отиде на езерото Треска, таму се сликаше со сите негови соработници или советници што требаше да бидат во Градот Скопје кога многу јасно и чисто кажа дека ако го добие мандатот од граѓаните на Скопје ќе го ревалитизира езерото Треска. И дека по 20 години, не знам колку, езерото Треска повторно ќе биде ставено во функција. Тогаш тој ги знаеше состојбите и под кои и чии ингеренции е, и каква е состојбата со СРЦ Треска, меѓутоа ги излажа граѓаните дека тој ќе го ревалитизира езерото Треска“, рече Трајановски.

Додаде дека Шилегов својата вина почна да ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ, во смисла на тоа дека 2011-та Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста на Општина Сарај за СРЦ Треска.

„Тоа не е точно, нека го извади Шилегов тој документ, нека ја извади таа одлука и нека ја покаже јавно на граѓаните кога со одлука Советот на Град Скопје ја предал надлежноста на СРЦ Треска од Град Скопје на Општина Сарај. Нешто кога ќе ветиш треба да оствариш, или ако не оствариш, тогаш треба да се извиниш и треба да кажеш кои се причините поради коишто тоа не може да се оствари“, нагласи Трајановски.

Посочи дека Шилегов не може без да разговара ниту со камперите и консултации тоа е срамота. Како тоа без разговор и консултација Шилегов да оди со булдожери и го урива кампот.

„Денес се наоѓаме во забавниот парк во Скопје, т.е. познат меѓу граѓаните како Луна парк, и може да се види во каква состојба се наоѓа по четири години негова неработа. Јас можам да кажам што ние сме направиле т.е. јас кога бев градоначалник на Градот Скопје значи ние направивме проект, односно направивме партнерно уредување на забавниот парк и тоа може д се види. А, исто така набавивме седум справи кои што три се адреналински, детски справи“, рече Трајановски.

Трајановски додаде дека тие справи се набавени уште во 2017 година, коишто за жал можеби лежат во некои магацини и уште најстрашно можеби се плаќа лежарина за нив.

„Од не знам какви причини Шилегов го стопира или го ставил во фиока овој проект иако неколку години тој го буџетирал буџетот на Градот Скопје, може да видите дека има и во 2020-та, имате и во 2021 година. Па Шилегов предвидуваше некој нов концепт бидејќи не му се допаѓал овој концепт, ама ти тоа не може така да правиш на веќе направен проект, проект кој што е готов, проект кој што требаше во 2018 година да биде ставен во функција со овие седум справи. Овие седум справи во цена на набавка влегуваше да се донесат тие справи, да се направи фундаментот затоа што се многу големи тие фундаменти т.е. постољето, да бидат монтирани, и да бидат пуштени во употреба. Јас ви гарантирам дека со сигурност дека овие справи можеше 2018-тата година да проработат“, нагласи Трајановски.

„Универзалната сала е уште една неконзистентност во тврдењата на Шилегов, да не речам лажење на јавноста. Секогаш за било кој проект е претходно направен тој не е добар проект, треба да се прават нови проекти, да се почне се од почеток според Шилегов. Како да Скопје почнува да функционира откако Шилегов е на власт во Градот Скопје, т.е. е градоначалник на Градот Скопје“, појасни Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ при своето јавување на „Утрински Брифинг“.

Трајановски додаде дека проектот за Универзална сала беше направен 2017-тата година уште во мај/јуни и тогаш бидејќи се уште беше тој градоначалник отишол кај Алаѓозовски кој што беше веќе министер за култура. Му го однел проектот и му кажал на Алаѓозовски дека проектот за Универзална сала може само тој да го реализира бидејќи тој бил во тоа време министер за култура. Но Алаѓозовски ништо од тоа не стори.

„Во секој случај на граѓаните на Градот Скопје им се ускрати можноста да имаат Универзална сала“, нагласи Трајановски.

Трајановски посочи дека се изгубени три години, а проектот остана во фиока како многуте други проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Тие проекти никогаш не се реализираа бидејќи беа предвидени од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не ги направи за доброто на граѓаните.