Американски конгресмен се заразил со коронавирусот откако прими две дози од вакцината на „Pfizer“

Американски конгресмен Стивен Линч, од сојузната државата Масачусетс, кому веќе му биле аплицирани двете дози на вакцината против Covid-19 на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ е позитивен на коронавирусот, јавија американски медиуми.

Кабинетот на конгресменот Стивен Линч соопшти дека тој имал негативен тест пред да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден на 20-ти јануари.

Медиумите наведуваат дека Линч бил позитивен на тест за коронавирусот, откако бил во контакт со соработник во Бостон кој бил заразен.

Во соопштението се додава дека Линч не покажува никакви симптоми на Covid-19. Тој ќе се изолира, нема да присуствува лично во Конгресот следната седмица и ќе гласа преку полномошник.