
Бранко Колопер, кој претходно во саботата во хрватските приморски градови Шибеник и Водице уби четири лица, е пронајден мртов откако веројатно извршил самоубиство, пренесуваат вечерва тамошните медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Според првичните сознанија на полицијата мртвото тело на Колопер е пронајдено околу 19 часот на отверен простор во близина на Водице.
Пронајдено е и возилото по коешто трагала полицијата, а увидот треба да потврди дали станува збор за самоубиство, како што се претпоставува, дознаваат медиумите од полицијата која не го открила идентитетот на осомничениот за убиствата.
Од извори блиски на истрагата, службебата новинска агенција Hina, неофицијално дознава дека Бранко Колопек, кој бил сопственик на фирма во стечај, во Шибеник со автоматско оружје ги убил сопружниците Марио и Радојка Данек, какои и Тони Шпарадa, а во Воде извршниот директор на малопродажен синџир, Теди Сламиќ.
Претходно портпаролот на Полициската управа за шибенско-книнскиот регион за медиумите изјави дека осомничениот сторител бил во деловни врски со жртвите.
Имено, убиената Радојка Данек била стечајна управничка на компанијата „Matkol“ на Кополер, но и советничка во градскиот совет на Шибеник од редовите на партијата HDZ.
Според медиумите, сопружниците Данек и Шпарада се убиени во шибенската населба Ражине, каде Колопер имал производствен погон. Откако ги изрешетал со „калашников“, според сомневањата на полицијата, заминал за Водице каде го застрелал Сламиќ пред неговиот дуќан.
Медиумите пишуваат дека во средата во Трговскиот суд во Задар во врска со стечајот се одржало рочиште на коешто Кополер, за кого неговите сограѓани навеле дека бил успешен претприемач кој западнал во проблеми веднаш по влегувањето во деловни односи со убиениот Сламиќ, приговарал на предлозите на стечајната управничка Радојка Данек со која не успеале да се договорат.