
Ракометната репрезентација на Македонија на Мундијалот во Египет го имаше најслабиот пласман во досегашните настапи на Светските првенства освојувајќи го 23-то место со скор од една победа и пет порази.
Бекот на Вардар и на репрезентацијата, Филип Талески, во интервју Македонснката радиот телевизија вели ракометот има светла иднина, а крититике се добредојдени но некогаш дури и премногу лични.
„Дојде време ние младите да преземеме одговорност. Мора да почнеме од самите себе и да ги решиме ‘бубачките’ во главата. Критиките се добредојдени, но некогаш се премногу лични. Сите знаеме дека ракометот е спорт еден во Македонија и нормално е луѓето секогаш да очекуваат одлични резултати од нас. Но, тие не се запознаени каква е атмосферата во репрезентацијата. Сликата од надвор не е таа вистинската како ние функционираме. Убеден сум дека Македонија има светла иднина“,рече Талески.