
Десетте приоритети од #Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година, напиша премиерот Зоран Заев на фејсбук.
„Забрзувајќи ги процесите за европска Северна Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за европски стандарди дома“, со развојни програми и проекти, за да бидеме спремни да ги започнеме преговорите со ЕУ во секое време.
Десетте приоритети од #Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година. Нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме до крајот на мандатот на оваа Влада со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество“, напиша Заев на фејсбук.