Заев е најголемиот измамник во земјата, убеден е Села

Вадејачките партии ДУИ и СДСМ се исти горе-долу, бидејќи станаа како сијамски близнаци, истакна лидерот на албанската опозиција Зиjадин Села во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.

„Двете страни се партнери во Владата. Овој другиот, (Заев) е најголемиот измамник во земјата. Неговиот збор во јавноста и не е збор за било кој од граѓаните, мислам дека на сите им се свежи неговите зборови од оние прес-конференции за страшната вистина за ‘Монструм’, а денес повторно го гледаме како игра политички на грбот на неколку семејства кои трпат последици, било оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно со што ги зголемуваат нашите дилеми за правдата“, рече Села, пренесе ПлусИнфо.