
Фудбалерите на Палмеирас ја освоија титулата првак на Јужна Америка, откако во најсилното клупско натпреварување на континентот на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро со 1:0 го совладаа Сантос.
Единстевниот погодок на мечот го постигна Брено Енрике Васконселос Лопез во деветтата минута од судиското продолжение. Рони упато одличен центаршут, кој Брено со глава од пет метри го спроведе во мрежа за триумфот на Палмеирас.
Дуелот на двата бразилски клуба во финалето одиграно на најголемиот стадион во Јужна Америка а кој можеа да го следат само 5.000 гледачи, пружи сиромашен фудбал. Мечот оболуваше со остри стартови и тензични ситуации. Сѐ до 80 минута немаше ниту еден удар во рамките на головите, а Палмеирас на крајот стаса до победата од својот едениснтвен удар кој одеше кон противничкиот гоч.
Ова е втора титула континентален шампион за Палмеирас, а првата ја освои во 1999 година. Сантос, пак, остана на три трофеа во Копа Либертадорес.