Во Лондон полицијата растури забава на брод, во Германија журка на отворено

Полицијата прекинала забава на брод во западно предградие на Лондон ноќта кон неделата и повеќе од 70 лица може да бидат казнети за кршење на анти-ковид мерките, додека во Германија полицијата растерала нелегална журка со окоу 200 годисти на отворено во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Британските власти се обидуваат да го сузбијата повторниот раст на коронаинфекциите, за што се смета дека е одговорен новиот позаразен сој на вирусот. Во земјата на сила се мерките за затворање и забрането е дружењето во големи групи. Властите се загрижени дека премногу луѓе ги кршат правилата поради што вирусот и натаму се шири.

Полицијата соопшти дека растурила забава на вкотвен бррод ноќта кон неделата и дека 72 лица може да бидат казнети со 800 фунти (околу 905 фунти), поради креше на правилата за сузбивање на Covid-19. Организаторот, пак, може да биде казнет со глоба во износ од 10.000 фунти, или околу 11.304 евра.

Гарманската полиција се соочува со истите проблеми. Ноќта кон неделата прекинала нелегална забава со околу 200 гости во сојузната земја Северна Рајна-Вестфалија. Масовните собир се збараните со мерките кои во момент се на сила во овој регион со висока седумдневна инциденца на заразата.

Дваесет итригодишено момче ја организирало забавата на отворенот на локацина на поранешна станица за лансирање градобијни ракети во шумаа Билигер Валд, соопшти полицијата во неделата.

Полицијата добила дојава дека од таа локација се слуша гласна музика. По пристигнувањето на полицијата многу од гостите се разбегале по шумата. Журкачите ги очекува „значителна казна“, соопшти полицијата.