
Полициската агенција на Европската унија Европол денеска излезе со предупредување до државите да внимаваат на лажни потврди за тестирање на ковид-19, бидејќи криминални банди се обидуваат да заработат на забраната за патување поради пандемијата.
Многу држави бараат од патниците при влез во земјата да имаат негативен тест на ковид-19, за да го успорат ширењето на коронавирусот.
Европол денеска соопшти дека членките на ЕУ неодамна пријавиле случаи меѓу кои е и група на фалсификатори која на аеродромот во Париз Шарл де Гол продавала лажни потврди со негативен тест на корона, како и апсење на лице во Шпанија, кој продавал лажни резултати.
Британската власт уапсила измамници кои за 100 фунти продавале потврди за тестови на коронавирусот.