
Отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим е незаконско и Арапската лига силно се спротивставува на ваквата одлука, рече генералниот секретар на оваа регионална организација на арапските земји, Ахмед Абдул Гејт.
„Секоја одлука за отворање амбасада во Ерусалим е незаконска, бидејќи градот беше под окупација и затоа ваквите дипломатски одлуки не можат да бидат прифатени“, рече Гејт, пренесува Танјуг, пишувајќи на порталот „Косово онлајн“, кој се повикува на Балкан Инфо.
Претходно и Европската унија ја критикуваше одлуката на властите во Приштина да отворат амбасада во Ерусалим.