
Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона почина минатата година, а за неговата смрт сè уште се зборув во светот. Овојпат, на аргентинската телевизија „Cronica“ беше објавено видео од Диего, а наводно таа снимка е последната од најдобриот фудбалер на сите времиња.
Видеото било снимено во неговиот дом додека Аргентинецот седи на маса и јаде. Тој во еден момент му се обраќа на Леополдо Луке, човекот кој наводно несовесно го лекувал Диего.
– Дезориентиран сум, но сè е добро. Знаеш дека не сум за вакви интимни моменти, но кога сум со добри луѓе излегувам од својот оклоп. Бакнеж, Луке. Леополдо Хасинто Луке – вели Марадона на снимката.