
Двајца варботени во болницата во Тетово, меѓусебно се пријавиле за физички напади на работното место во средата, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.
Во средата во 12,45 часот, 41-годишниот А.Е. од Тетово пријавил дека околу 11 часот во тетовската клиничка болница, каде бил вработен, физички бил нападнат од 50-годишниот Н.С. од тетовското село Селце, исто така, вработен во болницата.
Набрзо потоа, Н.С. пријавил дека тој бил физички нападнат од А.Е и од уште неколку други лица кои не биле вработени во болницата.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.