Прилепчанец претепал тројца свои сограѓани

Ноќта кон четвртокот прилепската полиција привела маж, пријавен од тројца негови сограѓани за физички напад врз нив.

Случајот бил пријавен околу 1 часот по полниќ во четвртокот во Полицската станица Прилеп каде бил приведен 34-годишниот Т.В. од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од А.Б., Е.С. и Е.Д од Прилеп дека околу 00:30 часот биле физички нападнати од Т.В.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.