Суд пресуди дека владата на Франција не прави доволно во борбата со климатските промени

AP/ Photo/Michel Euler

Француската влада не сторила доволно во борбата против климатските промени, објави суд во Париз во четвртокот, а еколозите оценија дека станува збор за „клучна пресуда“ која би можела да ги натера и другите држави да прават повеќе по прашањето на заштитата на природната околина.

Случајот пред парискиот суд го покренаа четири невладини организации кои ги обвиниле властите дека не ги исполнуваат преземените обврски од Парискиот договор за климата, како и повеќегодишниот план за намалување на емисиите на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

Управниот суд во Париз пресудил во средата дека државата потфрлила во „имплементирањето на јавните политики кои би овозможиле исполнување на целите за редукција на емисијата на стакленичките гасови“.

Портпаролот на француската влада, Габриел Атал, коментирајќи ја пресудата рече дека владата значително се труди да ги достигне тие цели, но и дека е праведно да се каже оти Франција на почетокот доцнела со одговорот на климатските промени. Ја повика јавноста на владата да ѝ даде предлози како да се достигнат зацртаните цели, па и повеќе од нови.

Сесил Дуфло, извршна директорка на невладината организација Oxfam за Франција, една од подносителките на тужбата, пресудата од средата ја нарече „историска победа за климатската правда“.

„Првпат француски суд пресуди дека државата може да биде одговорна за своите климатски обврски“, изјави Дефло и додаде дека тоа претставува „правовремен потсетник за сите влади дека делата кажуваат повеќе од зборовите“.

Парискиот суд симболично пресуди и дека државата на секоја од организациите тужителки мора да и исплати отштета во висина од едно евро.

Истиот ден и највисокиот суд на Европскта унија пресуди дека Унгарија „состемски и истрајно“ ги кршела законските ограничувања за загадувачите на воздухот, во некои региони и повеќе од 12 години.