
Во Прилеп попладнево се одвива полициска акција која, неофицијално, е организирана за разбивање на дилерска мрежа.
Локалните медиуми информриаат дека полицијата апси повеќе лица кои биле инволвирани во активноста за купување и продажба на хероин кокаин марихуана и анфетамини.
Акцијата ќе трае до крајот на денот и при нејзината реализација се вршат претреси на различни објекти.
МВР најавува повеќе детали за оваа акција во текот на утрешниот ден.