
Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “фалсификување пари“ (член 268, став 2 од Кривичниот законик).
Пријавениот И.А се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил патничко моторно возило „бмв“ и му платил со фалсификувани 4500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.