
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата Трилинг потенцираше дека има неколку форми на попис, традиционален во кој се оди со празен лист во домовите и се попишуваат граѓаните и електронски во кој не се оди по домови, туку со еден клик ќе се вкрстат сите податоци.
„Поти и комбиниран модел каде како основа ги земата електронските бази и само ги проверување дополнително со посета. Ние го избравме овој модел за поголема доверба и за вкрстена проверка на електронските бази со посетите. Нормално е пописот да има улога за дефинирање на политиките.“ – рече Османи.
Истакна дека овој процес е сензитивен со сериозни последици по државата доколку во него се нема доверба или се лажира, Затоа, сите механизми кои ќе гарантираат правичност и вистинитост на резултатите и доверба на граѓаните кон резултатите, не треба да се плашиме да ги имплементираме, вели Османи.
Доколку пропадне пописот, министерот рече дека е во интерес на сите е да имаме успешен попис. Важно е во мултиетничко општество, граѓаните да веруваат во резултатите.