Фатмир Битиќи призна дека наместо милијарда евра, до граѓаните како помош за справување со ковид кризата како државна помош стигнале само 350 милиони евра, што е 3,5 пати помалку од лажните бројки на Зоран Заев кој тврдеше дека 1 милијарда и 150 милиони евра завршиле како поддршка за справување со кризата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на вицепремиерот за задолжен за економски прашања и координација на економски ресори.
„Каде завршија 800 милиони евра за кои зборуваше влада до пред некое време? Патем Зоран „лажни вести“ Заев тврдеше дека државата се задолжи цела 2020 година над една милијарда евра нов долг, наводно за поддршка на економијата во ковид криза, за сега да видиме дека поддршката изнесувала само 350 милиони евра. Народот вели „кој лаже, тој и краде“. Заев видовме дека лаже за 800 милиони евра, е сега да видиме кај завршија тие пари. Стотиците милиони евра под превезот со ковид кризата завршија за изборен поткуп, за коруптивни зделки, за криминални тендери, за полнење на администрацијата, за набавки на службени возила, шампањи, бурбони, октоподи, шкампи и слично“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.