На инфективните одделенија се лекуваат 346 пациенти, има слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти.

Од МЗ информираа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 21 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 596 и има околу 510 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, истакнаа од Министерството.

Од МЗ потенцираа дека треба да се земе предвид оти бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.