
Фудбалерите на Лидс Јунејтед, во чиј тим повторно како стартер настапи македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, на својот „Иланд Роуд“ со 2:0 го совладаа Кристал Палас во последниот натпревар од 23-то коло на англиската премиер лига одиграна во понеделникот вечерта.
Веќе во 3 минута Џек Харис ја погоди мрежата на Кристал Палас од работ на шеснаесетникот, а притоа имаше мала помош од гостинскиот бек Кејхил кого го закачи топката на патот кон голот и го промени правецот, доволно да го измами гостинскиот голман Гваита.
Во 52 минута Гваита успеа да го сопре ударот на Рафиња, но на одбиената топка натрча Патрик Бамфорд и го постигна својот 13-ти погодок сезонава.
Со десеттата победа сезонава тимот на Марсело Биелса дојде до 32 бодови и го мина Арсенал на 10-то место на првенствената табела. Кристал Палса со 29 бодови остана на 13-та позиција.
Водечкиот Манчестер Сити иа 50 бодови, пет повеќе со меч помалку од второплаираниот градски ривал Манчестер Јунајтед. На третото место е Лестер Сити со 43 бодови, четвриот Ливерпул има 40, а петтиот Челзи бод помалку.