Вакцини нема во Македонија, но затоа ги има iминистерот за здравство Венко Филипче и премиеорт Зоран Заев кои се прогласени за извор на лажни вести што го потврди и Американскиот научно-здравствен совет, се истакнува во соопштениете од опозицската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова што сега во февруари го потврди оваа престижна американска институција граѓаните го знаат од минатата година. Филипче и Заев лажат во врска со вакцинацијата веќе половина година. Филипче и Заев минатата година есента уверуваа дека сме најподготвена земја за старт на вакцинацијата“, се вели во соопштението.
Во него се потсетува дека министерто Филипче во октомври минатата година рече дека вакцини во државата ќе има навреме, но додека сите земји започнаа со вакцинација на населението од декември, во Македонија нема ниту една вакцина од ниеден производител.
„Прво рекоа, вакцина ќе има од КОВАКС крај на декември, почеток на јануари 2021 година. Потоа рекоа дека ќе има донации на вакцини од Бугарија, а беа најавени и од Грција. На почеток на јануари рекоа директно ќе преговараат со производителите, ќе преговарале со „Фајзер“. И се смееја на Србија кога ги доби првите дози крај на декември, за Заев неколку илјади дози вакцини не биле ништо. Сега Србија се подготвува за производство на руска вакцина, во Македонија нема ни една вакцина“, се додава во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, потсетуваат и на најавите од страна на владата за почетокот на имунизацијата на населението, што според тие ветувања требаше да започне прво на крајот на декември, потоа на почеток на јануари, па на крајот на јануари, а според последното ветување на почетокот на февруари.
„Денес е осми февруари, во Македонија нема никакви вакцини! Неспособноста и неодговорноста на Филипче и Заев резултира со тоа Македонија да биде меѓу првите на светската листа на починати, ама да ја нема на листата на колку граѓани се вакцинирани. За лагите и последиците од нив мора да има одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.