Петровска: Критериумите за прочистување на судството се идентични како и во законската регулатива за оценување на судиите

Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ вечерва на 24 Телевизија, во врска со процесот на прочистување на судството вели дека досега освен постапката која е во тек за јавни обвинители за случајот 27-ми април, досега нема разрешено, ниту бил подвргнат на одговорност ниту еден јавен обвинител во земјата, на страна случајот „Рекет“ и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, чијашто пресуда сѐ уште не е правосилна.

„За разлика од Судскиот совет, Советот на јавни обвинители има една постапка во тек за јавните обвинители коишто беа надлежни за предметот 27-ми април, па во оваа држава ако го тргнеме на страна предметот за обвинителката Катица Јанева и Рекет кој предмет не е правосилно завршен, нема јавен обвинител кој има поднесено одговорност или разрешено од фунцијата“, рече Петровска.

Според Петровска, процесот на прочистувањето во судството е комплексен процес кој треба да ги опфати и судиите и јавните обвинители, иако беше објавен при крајот на годината Правилник за оценување на обвинителите кој е повторно во рамки на она редовно оценување кое би требало да се врши секојдневно, треба да се има систем по кој треба да се оценува работата на јавните обвиннители.

„Можам само да констатирам дека она што како модел е предложено за прочистувањето на судството, не за редовното оценување на судиите што е предвидено како регулатива во земјава, генерално не отстапува премногу од она што е веќе предвидено како процес или начин на оценување на самите судии“, додаде Петровска.

Петровска смета дека критериумите според коипто ќе се оценуваат судиите во престојниот процес на прочистување на судството се идентични со законската регулатива односно се идентични со наведените критериуми во законот за судски совет и законот за судовите.