Најстарата Европејка оздраве од Covid-19 неколку дена пред 117-от роденден

Француската монахиња Лусил Рандон, е најстарата Европејка која оздраве од Covid-19 само неколку денови пред да наполни 117 години, пишува BBC.

Рандон во 1944 година го земала името сестра Андре, а на 16-ти јануари годинава со тестирање било утврдено дека е позитивна на коронавирусот. За новинарите изјавила дека немала никакви симптои, како и дека не знаела дака е заболена од Covid-19.

Веднаш била изолирана од другите штитеници на домот за стари лица и пензионери во францускиот град Тулон и сега лекарите сметаат дека целосно закрепнала.

Сестра Андре е слепа и се движи во инвалидска количка, а во четврток, 11-ти февруари ќе го прослави 117-от роденден во присуство на помал број лица отколку што досега практикувала.

Давид Тавела, портпролот на домот за пензионери „Сен Катерин Лабуре“, смета дека сестрата Андре имала голема среќа. За медиумите изјавил дека виталната старица не прашувала за здравјето, туку за своите навики. Сакала да знае дали ќе мора да го промени распоредот на оброците и спиењето.

„Не покажуваше страв од заразата ниту од болеста, но беше загрижена за другите штитеници на домот“, додал Тавела.

Сестрата Андред е родена на 11-ти февруари 1904 година. Според податоците од пописот на „суепрстогодишниците“ на орагнизацијата Gerontology Research Group (GRG), таа е најстарата жителка на Европа и втората најстара жителка на планетата.

На прашањето од телевизијата BFMTV, дали се плаши од заразата со коронавирусот одговорила одречно, додавајќи дека не се плаши да умре, но рекла дека „би сакала поинаку да им се придружи на совите брат, дедо и баба“.