
Само македонскиот премиер, Зоран Заев и по цена на здравјето на граѓаните, турка попис во Македонија. Освен неколкуте европски земји и Косово ќе го одложува пописот на населението кој беше предвиден да се одржи годинава. Косово размислува пописот да го одложи за наредната 2022 година поради ширењето и секојдневното зголемување на бројот на нови заразени од корона вирусот.
Ова вчера го најави директорот на Социјална и статистика на населението во Агенцијата за статистика на Косово, Авни Кастрати за Радио Слободна Европа кој истакна дека првично пописот бил предвиден да почне во април годинава, па бил одложен за септември, термин кој ќе биде одложен за наредната година.
„Постојат некои земји кои сигнализираа, како и во Косово, дека поради пандемијата и други тешкотии, како што е обезбедување навремен буџет, предложија пописот да се направи во 2022 година. Ние се подготвуваме за 2021 година, но ако има предизвици на теренот, можеби регистрацијата ќе се одложи до 2022 година“, вели Кастрати.
Сепак, ова одложување, според него, не претставува голем проблем, бидејќи податоците од пописот на населението мора да бидат доставени до Европската унија до крајот на 2023 година.
Имено, претходно пописот го одложија Германија, Ирска и Шкотска поради КОВИД, само Заев турка фалсификат попис. Дали Заев сака да каже дека државата е поспремна да организира попис од една Германија, Ирска и Шкотска?
Одложување на пописот во Македонија за 2022 година, по примерот на европските држави, бараат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Покрај од безбедносен аспект поради корона вирусот, тие бараат пописот да се одложи затоа што има нејасна и конфузна методологија за која директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски има различен став со неговиот заменик. Тие бараат одложување на пописот затоа што целта процедура се политизираше со лицитирањето на бројки од проценти за конечниот исход од страна на политичките партии.
Но, иако првично Заев рече дека може да се разговара за одложување на пописот од неколку месеци, вчера категорично изјави дека одложување нема да има.