ВМРО-ДПМНЕ: Владата потврди дека Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификат, бидејќи се корумпирани

Владата призна дека и министерот за правда Бојан Маричиќ нема НАТО безбедносен сертификат, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно во четвтокот од владината служба за односи со јавноста објави дека во тек е постапката за НАТО безбедносен сертификат за министерот за внатрешни спасовски Оливер Спасовски, додека за министерот за правда ваков документ не бил потребен/

„Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Зоран Заев, по Оливер Спасовски, кој нема НАТО безбедносен сертификат. Која е причината што Маричиќ и Спасовски немаат сертификати? Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината? Владата мора да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат, истакнуваат од опозицијата.

Спасовски и Маричиќ наместо да молчат, треба да си дадат оставка. Одговорност веднаш, додаваат од таму.

Од Владата додаваат дека претседателот на државата, премиерот и претседателот на Собранието поседуваат национални безбедносни сертификати.

„Македонија ги остварува сите права и ги реализира сите обврски како полноправна членка на НАТО на идентичен начин со сите останати 29 земји сојузници. Административните постапки за стекнување безбедносни сертификати се идентични за сите држави членки и може да траат и до шест месеци, а пандемијата дополнително го пролонгира тој процес. За министерот за внатрешни работи, постапката е во тек, а за министерот за правда, ваков документ воопшто не е ни потребен. Независно од тоа, претседателот на државата, претседателот на Владата, претседателот на Собранието поседуваат национални безбедносни сертификати“, се нагласува во изјавата од Владата за МИА.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, претходно денеска на прес-конференција праша дали Бојан Маричиќ е вториот министер во Владата на Заев, кој нема НАТО-сертификат.

„Дали првиот човек на правда е недоверлив според стандардите на НАТО? Покрај Оливер Спасовски, кој сам призна дека нема НАТО-сертификат, Маричиќ би бил вториот министер во Владата на Заев без сертификат, и тој како и Спасовски, води ресор од исклучителна важност за безбедноста на државата“, посочи Петрушевски.