Чешка Zbrojovka го купува американски Colt

Чешкиот произведувач на оружје Česká zbrojovka Group (CZG) објави во петокот дека склучил договор за купување на американската корпорација од истата дејност „Colt“, кој е снабдувач на американската војска.

Компанијата „Colt“ е позната по револверот кој на почетокот од XIX век го изработил нејзиниот основач Семјуел Колт. Американската војска ја снабдува повеќе од 175 години, а клиент ѝ се и канадските вооружени сили.

Чешката CZG, пак, спаѓа меѓу водечките произведувачи на малокалибарско огнено оружје во Европа. Ги произведува брендовите како „CZ“, „Dan Wesson“, „Brno Rifles“ и „4M Systems“, а вработува 1.650 работници ширум светот.

Според конечниот договор, CZG ќе ги купи сите акции на „Colt“ за 220 милиони долари и ќе додаде уште свои милион свои новоиздадени акции.

„Спојувањето претставува стратешки чекор за двете страни“, изјави за медиумите претседателот на чешката копанија, Лубомир Коварик, додавајќи дека е горд што во портфељот ќе се придружи толку „иконичен бренд“.

Стратешката комбинација на двете компании дава значајни можности за раст, додаде извршниот директор на американската компанија „Colt’s Manufacturing Company“ (CMC), Денис Веју.

Договорот мора да го одобрат регулаторите за пазарно натпреарување, а се очекува дека ќе биде склучен во вториот квартал од 2021 година, се наведува во соопштението.