Чешкиот парламент одби да ја продолжи вонредната состојба

Чешкиот парламент во четвртокот ноќта одби да ја продолжи вонредбната состојба во земјата, што веројатно ќе доведе до отворање на продавниците и укинување на полицискиот час од следната седмица, со што ќе биде отстранета главната мерка во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Парламентот го одби предлогот на владата на премиерот Андреј Бабиш вонредната состојба да биде продолжена и по 14-ти февраури, и покрај предупредувањата дека здравствениот сустем би можел да крахира, доколку коронаинфекциите се зголемат.

Малцинската влада на Бабиш предупредуваше дека доколку се укине вонредната состојба повеќе не ќе може да го продолжи ограничувањето за движењето во земјата, вклучително и полицискиот час и забраната за движење, како ниту да ги задржи затворени продавниците и услужните дејности. Баровите и рестораните би можеле да останат затворени, а на сила би можело да останат уште неколку мерки, но врз основа на други мерки.

Опозицијата тврдеше дека владата делувала хаотично и дек одбивала да ги прифати нивните барања за носење нови „пандемиски“ закони, со ревизија на постојните мерки, повисоките компензации за претприемачите и лицата во карантин, како и со појасните планови за повторното отворање на училиштата.

Комунитичката партија на Чешка, којашто ја поддржува малцинската влада, одби да гласа за продолжување на вонредната состојба откако беа одбиени нејзините барања за повторно отворање на училиштата и жичниците за скијалиштата.

Од владата одговорија дека би можеле повторно да воведат некои мерки, како што е затворањето на рестораните и хотелите според законите за јавно здравство, но нема да моќе да обезбеди опрема како што се респиратори од државните резерви, ниту да го координира транспортот на пациентите.

Чешка, која има 10,7 милиони жители, имаше различни нивоа на „затворање“ речиси неприекинато од октомври минатата година.

Изминатите денови во неколку региони поради ширењето на британскиот сој на коронавирусот болниците беа пренатрупани, па тамошните пациенти мораа да ги превезуваат до други болници оддалечени со стотици километри.

„Болниците се на работ веќе со месеци. Целосното ублажување на мерките и неконтролираното ширење на заразата, вклучително и новите мутации на вирусот, е пат кон преоптоварување на болниците и колапс на болничката мрежа“, предупреди премиерот Бабиш.

Според податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, Чешка изминатите две седмици е на второто место според бројот на дневно заразените лица, по Португалија. Од коронавриусот во Чешка вкуппно починале 17.772 лица, што е една од највисоките стапки во светот.