Николоски: Времето и доказите покажуваат дека се рекетирани повеќе бизнисмени и дека парите се кај Заеви

За жал, ова е една пракса којашто ја продолжува Зоран Заев и СДСМ, а која инсистирам да прекине, прече во својата изјава пред суд, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, притоа извинавјаќи им се на новинарите за новното и „гнавењето“ на целокупната јавност со непотребни судски рочишта за клевета.

„Треба да престанат политичарите да се тужат меѓу себе, како и политичари да тужат јавни личности и новинари. Сум кажал и ќе повторам дека ниту сум тужел, ниту кога било ќе тужам кој и да е политичар за политичка изјава или било кој новинар за натпис поврзан со мене, се разбира доколку не ја опфаќа приватноста и доколку не е надвор од она што се вика политичка работа. Така што, апелирам овие работи да застанат затоа што се смешни и ја малтретираме целокупната јавност“, рече Николоски.

Конкретно што се однесува до самиот предмет истакна дека тоја самиот се брани исто како што беше и со случајот со братот на премиерот Вице Заев, и изрази уверување дека ќе го добие случајот.

„На другата страна го имате најскапиот адвокат во Македонија. Се обидувам правно да ја добијам битката, и мислам дека правно ќе ја добијам битката, за тоа што и ова рочиште покажа дека аргументите се на моја страна, а и покажа дека одиме чекор по чекор во процесот, а не онака како што инсистираше адвокатот на Заев на самиот почеток, а тоа е да се прескокнат правилата и веднаш да се оди на распит на странки. Прво треба да се презентираат доказите, па да одиме на распит на странки. Задоволен сум што судот тоа го прифати денес, и се надевам дека ќе продолжи овој коректен однос и во следните рочишта. Така што она што можеби ќе е најинтересно за јавноста, а тоа е распит на странки, каде што треба јас да го распитам Зоран Заев и неговиот адвокат да ме распита мене, ќе се случи на шести април оваа година“, појасни Николоски.

Потпретседателот на опозициската партија повтори дека сите докази и ознанија до коишто дошол зборуваат за организирана шема во врвовите на владејачката партија за изнудување пари од видни бизнисмени.

„Во однос на она што го видовте денес можам да повторам е дека од сите докази кои што ги имам доставено, како и врз основа на сето она што постоеше во јавноста во летото 2019-та година, сум дошол до сознание дека аферата „Рекет“ во тој момент не е правилно презентирана во јавност односно не се работи за минорен случај во кој што случајно еден е рекетиран бизнисмен, туку дека се рекетирани многу бизнисмени. Дека се работи за огромна сума на пари, дека таа сума на пари во тој момент сознанијата биле дека надминува над 20 милиони евра. Дека не е рекетиран еден, туку се рекетирани повеќе бизнисмени и дека во таа шема не се вклучени Бојан Јовановски и Катица Јанева, туку е вклучена цела една пирамида во СДСМ која што секако завршува со претседателот на СДСМ и премиер тогашен и сега, Зоран Заев. Јас тоа сум го кажал во текот на август 2019 година врз основа на сите сознанија кои што стигале до мене во тој момент. После тоа времето покажа дека сум бил во право. Затоа што во август 2019-та тезата беше дека е рекетиран еден бизнисмен. Во февруари 2021-та  сите знаеме дека се рекетирани повеќе бизнисмени, тоа не го утврдив јас, го утврди Кривичниот суд во Република Македонија. Во август 2019-та тезата беше дека се изрекетирани меѓу еден и еден ипол милион евра, сега сумите со она што досега го има докажано Кривичниот суд можеби ќе ја надминат таа сума од 20 милиони евра. И третата работа која што беше презентирана и денес како доказ тука, а е снимка од Кривичниот суд каде што изјавите се даваат под заклетва е на Бојан Јовановски кој што вели дека парите треба да се бараат кај Зоран И Вице Заеви“, истакна Николоски.

Посочи дека поради тоа смета оти врз основа на ваквите сознанија во тој период, имал имал доволно мотив да поверува во вистинитоста на својот исказ,

„Тој исказ не бил демантиран ниту од Зоран Заев, ниту од СДСМ, ниту од Владата. По 20-ина дена сум го повторил исказот и исто така не бил демантиран и очигледно желбата на Зоран Заев е да се гледаме во суд. И да се гледаме во суд, и јас ќе продолжам да ја докажувам вистинитоста на мојот исказ“, истакна Николоски.