Заев со поддршка за „Мериот-коалицијата“: Овој период е соодветен за партиски избори

Лидерот на СДСМ Зоран Заев даде отворена подршка на т.н иницијатори кои бараат вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Според Заев, периодот март, април бил убаво време за партиски избори и конгреси и поголема демократизација на сите партии и тој тоа го подржува.

-Водам голема партија, поголема и од ВМРО-ДПМНЕ и таму имам доста работи. СДСМ е пред сериозен процес на реевиденција. Не треба никој да се меша во внатрешните работи во други партии, тоа е нивна работа. Очекува силна и здрава опозиција и коректор на власта. Ако треба некаде да има избори овој период е соодветен за политичките партии.