Од ракометната Супер-лига ќе испаднат четири, наместо предвидените шест екипи

Во следната сезона Првата машка ракометна лига ќе брои најмалку десет екипи, откако Управниот oдбор на РФМ донесе одлуука за промена на пропозициите околу бројот на екипи што ќе испаднат од елитното друштво.

Од стартот на сезонава беше предвидено од осумте екипи во плејаут, шест директно да испаднат од Супер-лигата, само првопласираната да обезбеди автоматски опстанок, а второпласираната екипа од плејаут-натпреварувањето да игра бараж со тим од Првата лига.

Со промените усвоени на последниот состанок на Управниот Одбор, бројот на екипи што испаѓаат ќе се намали од шест на четири.

Трите првопласирани екипи во плејаутот ќе останат во Супер-лигата, а четвртата екипа на табелата ќе игра бараж со тим од Првата лига.

Дополнително ќе биде донесена одлука дали двата тима кои не представуваат во СЕХА лигата , Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат вклучени од самиот старт на новата сезона.