
Светската здравствена организација (СЗО) одобрила две верзии на вакцината АстраЗенека/Оксфорд против ковид-19 за итна употреба.
Вакцините ќе бидат достапни преку ковакс програмата.
Коментирајќи ја глобалната достапност на вакцините, помошникот на генералниот директор на СЗО за пристап до лекови и здравствени производи, д-р Марианџела Симао рекла дека сите произведувачи на вакцини мора да ги зголемат производствените капацитети и својте кандидати за вакцина да ги поднесат на одобрување од СЗО што побрзо може.